Bо близина на дебарското село Гари почна изградбата на фабрика за флаширање вода на хрватската компанија „Мали Лошињ“. Ова за општината значи многу и влева надеж дека набрзо поволните услови што се нудат за инвестирање и прекрасната природа ќе привлечат уште многу странски инвестори, а со тоа општината економски ќе заживее, ќе има работа за сите и ќе се запре миграцијата, која го десеткува подрачјето. Според носителот на инвестицијата, Дашмир Абдиа од МЛ-Гари, кој со децении работи на хрватскиот остров Мали Лошињ, а по потекло е од тетовски Пирок, ова е потврда дека каде и да си не се заборава татковината. На почеток ќе бидат вработени стотина работници, но со текот на времето се надевам дека нивниот број ќе се зголеми неколкупати.Досега имаме инвестирано милион евра, а вкупната инвестиција ќе изнесува пет милиони евра.
Bо близина на дебарското село Гари почна изградбата на фабрика за флаширање вода на хрватската компанија „Мали Лошињ“.
- Ова за општината значи многу и влева надеж дека набрзо поволните услови што се нудат за инвестирање и прекрасната природа ќе привлечат уште многу странски инвестори, а со тоа општината економски ќе заживее, ќе има работа за сите и ќе се запре миграцијата, која го десеткува подрачјето - рече градоначалникот Ружди Љата на свеченоста по повод поставувањето камен-темелник на новиот капацитет.
Според носителот на инвестицијата, Дашмир Абдиа од МЛ-Гари, кој со децении работи на хрватскиот остров Мали Лошињ, а по потекло е од тетовски Пирок, ова е потврда дека каде и да си не се заборава татковината.
- На почеток ќе бидат вработени стотина работници, но со текот на времето се надевам дека нивниот број ќе се зголеми неколкупати.Досега имаме инвестирано милион евра, а вкупната инвестиција ќе изнесува пет милиони евра. Годишно во фабриката ќе се пакуваат 100 милиони литри вода од кои 90 проценти ќе бидат пакувани во ПЕТ-амбалажа од 1 и 1,5 литар. Другите 10 проценти ќе бидат пакувани во стаклени шишиња од 0,33 и од 0,75 милилитри. Планираните количини ќе бидат наменети претежно за странските пазари - рече Абдиа, најавувајќи дека вода од тука ќе се пие веќе од следното лето.
Тој најави дека халата за производство на вода во шише, која е лоцирана на пет километри пред селото Гари, покрај регионалниот пат Бошков Мост – Извор, ќе биде со површина од 2.200 квадратни метри и ќе има производствен и магацински дел, со управна зграда, и дополнителни простории како лабораторија, кантина и друго.
Според министрите за економија и инвестиции, Ваљон Сарачини и Бил Павлески, новата инвестиција е резултат на определбата на Владата за создавање што поповолни услови за привлекување странски инвестиции. Павлески соопшти дека, освен другите хрватски инвестиции, неодамна и хрватската компанија „Kумал“ ја потврдила својата инвестиција во технолошко-индустриската развојна зона во Штип. На свеченоста присуствуваа и хрватскиот амбасадор во нашата земја Златко Kрамариќ и вицепремиерот Фатмир Бесими и министерот за животна средина Абдулаким Адеми.